„Росонерите“ се соочуваат со проблеми пред еден од најтешките натпревари во сезоната.
Големи проблеми за Џенаро Гатузо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ремито со Бетис вчера и не е тоа што најмногу ги загрижува навивачите, повеќе загрижуваат повредите тројца играчи пред продолжението од Серија А.
Милан во недела од 20:30 часот го пречекува Јувентус, а тренерот на Милан се уште не знае како ќе изгледа неговиот тим поради големи кадровски проблеми.
Во вчерашниот натпревар се повредија Мусакио, Чалханоглу и Кеси, така Милан стигна до бројка од 10 повредени фудбалери.
Калдара се уште не се опоравил од повредата, Конти се повреди на стартот од сезоната, Стриниќ и Калабрија исто така не ќе можат да помигнат.
Во средниот ред Милан ќе биде без услугите на Боновентура и Биља, а во нападот Игуаин не ќе може да го нападне својот поранешен клуб.