Бобан Николов кој остана надвор од последниот список на Благоја Милевски за натпреварите со Грузија и Бугарија конечно пронајде нов клуб.




Газдата на Стеауа Џиџи Бекали за романските медиуми потврди дека е постигнат договор со македонскиот фудбалер.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Можам да потврдам дека имаме договор со Николов, тој е наш фудбалер. Постигнавме договор на една година, но можеби ќе остане и повеќе. За овој трансфер разговарав со Флорин Настасе кој ме советуваше да го доведам затоа што ќе биде големо засилување за нас“, изјави Бекали помеѓу другото зборувајќи и на други теми.




Николов последниот ангажман го имаше во Шериф Тираспол со кој минатата сезона играше и во Лигата на шампионите. Претходно го носеше дресот уште на Лече, Фехервар, Вардар и Витроул.