Звонимир Бобан ја коментираше и ситуацијата во Милан, клубот во кој го помина најдобриот дел од својата играчка кариера и беше спортски директор во 2019 и 2020 година.
Бобан имаше свој коментар за Ибрахимовиќ кој во Милан има улога на советник за спортски прашања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Златан е генијалец и до крајот на животот ќе му бидам благодарен бидејќи од љубов кон Милан се согласи да се врати и така ја промени новата историја во клубот. Но, сега не ми е јасно што прави во Милан и кои се неговите задачи, па така не можам и да го оценам. Се надевам дека тој разбра и на крајот би можеле да судиме“, изјави Бобан.
Тој потоа ја критикуваше трансфер политиката и истакна дека биле направени многу грешки.
„Тимот кој ја освои Серија А и играше полуфинале во Лигата на шампионите невнимателно беше растурен. Толку многу можеше да се изгради на тие темели, за мене тоа беше очигледна грешка“, изјави Бобан.