Дома Фудбал Германија Боатенг прво бил шокиран, а сега е спремен да го напушти Баерн

Боатенг прво бил шокиран, а сега е спремен да го напушти Баерн

Фудбалерот на Баерн, Џером Боатенг проговори за неговото потенцијално заминување од клубот на крајот на сезоната.

Договорот на Боатенг истекува на крајот на сезоната, а Баерн не планира да му понуди продолжување на соработката.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Јас сум од оние луѓе кои сакаат да учат нови градови, култури, да запознаваат нови луѓе. Не сум од оние кои сакаат да останат на некое место долго време. Ме интересираат Париз, Лондон и многу други градови во Европа“

„Мојот договор? Бев изненаден од неодамнешните вести. Требаше прво да седнам пред да ја прочитам веста дека мојот договор нема да биде обновен. Сепак, сега веќе не се грижам. Отсекогаш сум велел дека сакам да пробам нешто ново, да прифатам предизвик. Јас сум во одлична форма и играв добро во изминатите неколку месеци. Сега сакам да го освојам германскиот шампионат. Кога ќе дојде време, ќе се разделиме со Баерн“, истакна Боатенг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Австрија ја испрати Полска дома

Репрезентацијата на Австрија со 3:1 ја совлада репезентацијата на Полска и направи голем ч…