Дома Фудбал Останато Блатер: Американците ми рекоа, мора да ти падне главата

Блатер: Американците ми рекоа, мора да ти падне главата

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека поднел оставка на таа функција поради притисокот од Америка.

Блатер на денешен ден, 2-ри јуни 2015 година, даде оставка од функцијата прв човек на светскиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работите да бидат почудни, оставката ја даде само неколку дена откако беше реизбран за претседател на ФИФА. Сега открива дека бил принуден на таков чекор.

„Ми рекоа, главата мора да ти падне“, открива Блатер за швајцарските медиуми.

Токму американските власти ја истражуваа корупцијата на ФИФА додека Блатер беше на чело на организацијата.

Блатер потоа доби обвинение за сомнителни исплати на првиот човек на УЕФА, Мишел Платини од 2 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…