Шкупи одигра одличен двомеч против Лапи во второто коло од Конференциската лига, а сега пред клубот од Чаир е посериозен предизвик.
Чаирчани ги чека натпревар против португалскиот тим Санта Клара. Првиот натпревар во четврток се игра на арената „Тодор Проески“, а раководството ја одреди цената за влезниците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Влезниците за овој дуел ќе се продаваат по цена од 200 денари, а денес ќе можат да се купат од 15:00 до 22:00 во старата скоска чаршија.
Натпреварот Шкупи и Санта Клара го играат во четврток со почеток од 20:00 часот.