Дома Фудбал Останато Бизарна приказна од Турција: Си потпишал договор, бил промовиран, а воопшто – не ни бил фудбалер!

Бизарна приказна од Турција: Си потпишал договор, бил промовиран, а воопшто – не ни бил фудбалер!

Една чудна ситуација ни пристигнува од Турција.

Имено, турскиот фудбал сојуз овие денови започнал истрага против второлигашот Акисарспор затоа што во клубот довел Нигериец кој воопшто не бил фудбалер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Станувало збор за „фудбалерот“ со името Маринс Чисом Онуебуеке. Нигериецот во клубот пристигнал во јануари и бил промовиран. Од неговата промоција не одиграл ниту еден натпревар, а не ни бил во протоколот за некој натпревар. Изгледа од клубот задоцниле со реакцијата да проверат кого купуваат.

Сега тие ќе мораат да дадат објаснување пред повисоките органи зошто и кој е тој Онуебуеке.

Инаку, Нигериецот друго го издало дека не е фудбалер што засега не е познато, не е само поради неиграњето затоа што овој клуб во јануари доведе дури 27 фудбалери и од нив 13 само настапија досега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…