Лионел Меси овој период е главна тема на шпанските медиуми, но проблем има и Реал Мадрид.
Аргентинецот изрази желба да замине од Барселона после 20 години поминати во клубот и води битка со раководството на Барса да биде ослободен од обврските.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека вниманието на јавноста е насочено кон Меси голем проблем има и Реал Мадрид и тој проблем се вика „Герет Бејл“.
Велшанецот не сака да слушне да биде продаден. Не се согласува на било какви разговори за заминување и за него постои само една опција и јасно им порачал на „кралевите“:
„Исплатете ме и ќе заминам“.
За тоа да го направи Реал мора да издвои огромна сума. Бејл заработува 17 милиони евра по сезона и му преостануваат уште две години од договорот, тоа значи дека клубот мора да му исплати 34 милиони евра за да замине.
Бејл го кажа својот став и стои цврсто на него и Реал тешко може да ја реши ваквата ситуација.