Крилниот фудбалер од Велс, Герет Бејл од синоќа може да се пофали дека изедначи еден од рекордите на легендарниот Дејвид Бекам.
Бејл синоќа беше во првиот состав за натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Еспањол, а со оглед на тоа што запиша настап, Бејл со Бекам сега е Британецот со најмногу настапи во Ла Лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Потсетуваме, Бекам своевремено го носеше дресот на Реал Мадрид од 2003. до 2007. година, а за тоа време запиша вкупно 116 настапи, исто како и до сега Бејл кој сигурно дека за многу брзо време ќе го престигне.
Бекам започна 105, а Бејл 103 натпревари, запиша 67 победи со Реал, додека Бејл за тоа време запиша 79 победи, постигна 13 гола наспроти 61 колку што постигна Бејл. Бекам запиша вкупно 26 асистенции, а Бејл 34.