Тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш, не сакаше да го коментира натпреварот во Киев, каде неговиот тим доживеа дебакл од Динамо, бидејќи стравува дека ќе добие казна од УЕФА.
Бешикташ во клучниот натпревар од ЛШ доживеа дебакл од 6:0 протув Динамо Киев со голема помош на шкотскиот судија Крег Томпсон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкотскиот арбитар, при водство на Динамо 1:0, во 30 минута досуди во најмала рака спорен пенал за домаќинот и му покажа црвен картон на дефанзивецот на Бешикташ, Бек. Домаќините поведоа со 2:0, а во самиот финиш на првиот дел играчите на украинскиот тим постигнаа уште два гола.
„Поразот боли, ова не го заслуживме. Не сакам да коментирам, бидејќи ќе ме казнат. Ова беше вистински кошмар. Првиот гол заслужено го примивме, но вториот беше голема грешка. Ист третман имавме кај судиите и на мечвите со Наполи и Бенфика“, изјави Гунеш.