Дома Фудбал Италија Беше за очекување: Дерби „Дела Мадонина“ ќе се игра во Кина!

Беше за очекување: Дерби „Дела Мадонина“ ќе се игра во Кина!

Следната недела Милан и официјално ќе премине во рацете на кинески конзорциум, додека градскиот ривал Интер скоро една година има кинески сопственици, односно компанијата „Сунинг“.

Ова е историски момент за италијанскиот фудбал, бидејќи два од трите најголеми клуба на Апенините завршија во кинески раце.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека двата градски ривали веќе договориле пријателски натпревар кој ќе се одигра во Кина, најверојатно на 29-ти јули.

Милан и Интер се меѓу најпопуларните европски клубови во Кина и имаат многу фанови на Далечниот Исток, а последен пат играа во Кина во август 2011 година во рамките на италијанскиот Суперкуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рабио за скандалот: Тоа што се случи во Марсеј може да се случи било каде

Новото засилување на Милан, Адријен Рабио, откри дека Масимилијано Алегри бил главната при…