Дома Фудбал Останато Беше еден од најдобрите светски фудбалери, а денес има милиони од продавање правосмукалки

Беше еден од најдобрите светски фудбалери, а денес има милиони од продавање правосмукалки

Дека фудбалот не е се и дека милионите некии фудбалери ги заработуваат по завршување на кариерата покажа екс-шведскиот репрезентативец, Томас Бролин.

Станува збор за поранешен играч на Парма, Лидс и Кристал Палас кој на врвот од кариерата беше на Мундијалот во 1994 година.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Со репрезентацијата на Шведска таа година беше трет на Светското првенство, но денес изгледа непрепознатливо и ужива во милионите откако на 28 години одлучи да се пензионира.

Денес тој има 53 години и се занимава со бизнисот во кој почна да вложува во 1998. Тој е партнер во еден од најпзонатите брендови за продажба на правосмукалки и има околу 50% од акциите на компанијата, Твинер.

Бролин во 1994 година беше кандидат за „Златната топка“ и заврши на четвртото место, Бугаринот Христо Стоичков таа година ја освои наградата, додека Италијанците Роберто Баџо и Паоло Малдини беа на втората и третата позиција.

На Светското првенство таа година беше еден од најдобрите фудбалери на Шведска и постигна три гола, додека во 1992 година постигна гол и ја елиминираше Англија од Европското првенство. Од редовите на Парма во 1995 година направи трансфер на Островот каде што играше за Лидс и Кристал Палас.

Кога замина во пензија изјави дека не жали и дека направил многу, своевремено се занимаваше и со покер кој го играше професионално.

„Сите велат дека е прерано на 28 години да ставиш крај на фудбалската кариера, но зависи што си постигнал во тие години. Јас направив многу, а животот е прекраток да го трошиме на досадни работи. Ако нешто не те радува повеќе најдобро е да не го правиш“, изјави Бролин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Беше ѕвезда на Јунајтед, а сега му требаа десет натпревари да постигне гол за Сеул 🎥

Eкс-напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард имаше голем пад во кариерата и сега игра…