Дома Фудбал Останато Бесни навивачи претепале екс-репрезентативец на Бразил додека учествувал во оргии 🎥

Бесни навивачи претепале екс-репрезентативец на Бразил додека учествувал во оргии 🎥

Од Бразил ни пристигнув по малку бизарна вест во која е вклучен поранешниот репрезентативец Луан Гиљерме Виеира.

Виеира бил претепан од навивачите на Коринтијас и тоа додека учествувал во оргии со пет девојки и уште четворица мажи. Навивачите на Коринтијас добиле информација дека Виеира се наоѓа во хотелот и одлучиле да го посетат за да му покажат дека сакаат да си замине.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тие насилно влегле во мотелот и го извадиле надвор 30-годишниот фудбалер каде што го претепале. Од физичкиот напад Виеира се здобил со полесни телесни повреди. За целиот случај се огласи и неговиот клуб.

„Коринтијас разочарувачки ја прими веста дека нашиот фудбалер бил нападнат во раните утрински часови. Ова е одвратен чин на насилство, ништо не ја оправдува кукавичката агресија која ја претрпе Луан“, стои во соопштението.

Причината за незадоволството е што фудбалерот нема настап за клубот уште од февруари 2022 година, неговиот договор има важност до 1-ви декември 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потег за почит: Гвардиола му даваше совети на противнички играч🎥

Адама Траоре беше трагичар за Фулам во поразот од Манчестер Сити со 3-2 бидејќи имаше неко…