Дома Фудбал Останато Бесни навивачи: Платиле над 10.000 евра да го гледаат „Последниот танц“ на Меси и Роналдо, а не добија ништо

Бесни навивачи: Платиле над 10.000 евра да го гледаат „Последниот танц“ на Меси и Роналдо, а не добија ништо

Пред два месеци натпреварот помеѓу Ал Наср и Интер Мајами во Ријад беше означен како „Последниот танц“ на двете најголеми фудбалски ѕвезди на денешницата – Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но тоа не се случи.

На два дена пред натпреварот Ал Наср соопшти дека Роналдо нема да се појави на теренот поради ситна повреда. Во таква ситуација Интер Мајами одлучи и Меси да биде на клупата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аргентинецот само поради скапите карти влезе во игра на десетина минути пред крајот кога резултатот веќе беше 6:0 за Ал Наср. Секако дека тие минути не се доволни за скапите влезници кои ги платија навивачите.

На стадионот имаше и навивачи кои вип билети платија и по 10.385 евра. Стануваше збор за билети кои се продаваа на аукција преку сајтот „Setpick“, почетната цена изнесуваше 185 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …