Maкедонскиот фудбалер Бесар Гуџуфи од наредната сезона ќе биде прекомандуван во првиот тим на Бешикташ, објави Мурат Озен од Таурција.
Гуџуфи важи за голем потенцијал на македонскиот фудбал, а поради правилата бидејќи не е полнолетен не можеше да потпише професионален договор со турскиот гигант. 17-годишниот Гуџуфи во претходниот период настапуваше за тимот до 19 години на Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега Бешикташ покажа дека сериозно смета на македонскиот фудбалер и од следната сезона ќе му биде дадена шанса во сениорскиот тим со кој според најавите ќе стави потпис на договор на пет години.
„Бесар Гуџуфи полни 18 години на 29. мај и ќе може да потпише договор, тој ќе стави потпис на соработка од пет години. Договорот ќе биде презентиран во првата недела од јуни“, објави Озен.
Во редовите на Бешикташ Гуџуфи пристигна во 2021 година од тимот на Беласица, претходно беше дел и од Вардар.