Дома Трансфер зона Берлускони не се шегува: Монца го купи најдобриот стрелец од хрватскиот шампионат!

Берлускони не се шегува: Монца го купи најдобриот стрелец од хрватскиот шампионат!

Силвио Берлускони знае како се работи тоа го потврди во Милан во минатото, а сега добро му оди и како сопственик на Монца.

Берлускони има амбиции да го одведе тимот во Серија А. Клубот успеа да се пласира во Серија Б, па сега следуваа вложувања за Монца уште оваа сезона да се бори за влез во најсилната конкуренција.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Дека Берлускони има такви намери докажува и ангажманот на најдобриот стрелец во хрватскиот шампионат Мирко Мариќ.

Осијек за Мариќ доби 4.5 милиони евра со дополнителни бонуси, а 25 годишниот напаѓач потпиша петгодишен договор со тимот на Монца.

Мариќ на 35 настапи за Осијек во шампионатот на Хрватска постигна 20 голови со што беше на врвот на листата стрелци заедно со Мијо Цакташ и Антонио Чолак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…