Дома Останати Тенис Беретини во финалето на Вимблдон против Ѓоковиќ влегува со супер серија од 11:0

Беретини во финалето на Вимблдон против Ѓоковиќ влегува со супер серија од 11:0

Утре се игра финалето на Вимблдон во кое ќе се сретнат Матео Беретини и Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ е фаворит, но Беретини игра во животна форма и е полн со самодоверба, а посебно импресионира неговата игра во сезоната на трева. Последниот пораз Беретини го доживеа токму од Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос каде што Ѓоковиќ славеше со 3:1 и тогаш се водеше голема борба.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од тој момент Беретини реди победи и сега има 11 во низа, а ја освои и титулата во Квинс пред Вимблдон. Меѓутоа освен Мареј кој се обидува да се врати на старото ниво, па Оже-Алијас и Хуркач, можеби и Нори во финалето на Квинс, не беа тоа некои големи имиња.

Во кариерата Беретини два пати играл против оковиќ, а двата на тпревари ги доби Ѓоковиќ. Освен споменатиот меч на овогодинешниот Ролан Гарос играа на завршниот турнир во Лондон и тогаш Ѓоковиќ победи со убедливи 6:2 и 6:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ понижен како никогаш досега на меч во Евролигата (Видео)

Поранешниот светски тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, повторно се појави на натпрева…