Дома Топ вести Бенфика има нов „дијамант“ – гигантите „лудуваат“ по него (видео)

Бенфика има нов „дијамант“ – гигантите „лудуваат“ по него (видео)

Португалија пред две години беше европски шампион за играчи до 17 години, па јасно е дека има многу таленти кои се на радарот на европските гиганти.

Еден од нив е Флорентино Луис, кој има 19 години, член е на Бенфика и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Станува збор за дефанзивен играч за врска кого веќе го нарекуваат „новиот Каземиро“. Меѓутоа според конституцијата и техниката многу потсетува на Пол Погба.

Најголемите европски клубови го следат веќе подолго време, а силен интерес за него покажуваат Борсуија Дортмунд, Милан, Атлетико Мадрид, Арсенал и клубовите од Манчестер.

Тинејџерот има договор со Бенфика до 2023 година, но следното лето сигурно ќе биде жешка трансфер тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…