Вакво нешто никој не очекуваше, но се случи.
Порто ја одбрани титулата сега сметајќи ги сите трофеи се само на шест помалку од Бенфика. Пред дваесетина години такво нешто никој не можеше да замисли.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Орлите“ се распаднаа после продолжувањето на шампионатот, Бруно Лага поднесе оставка и тоа беше очекувано затоа што после рестртот победи само на еден од пет натпревари.
И по неговата одлука се случи нешто шокантно.
На официјалниот сајт на Бенфика се појави „Добредојде Жорж Жесус“. Навивачите се во неверување и не знаат што да мислат.
Жесус со Фламенго ја покори Јужна Америка, покрај Копа Либертадорес го освои шампионатот на Бразил како и државното првенство на Рио Де Женеиро.
Ова е огромно изненаудвање затоа што во 2015 година тој стана „персона нон грата“ помеѓу навивачите на Бенфика кога го промени клубот, но не и градот, седна на клупата на Спортинг. Таков потег ретко се гледа, посебно што Жесус го направи без некоја пауза или клуб измеѓу, едноставно ја промени страната во едно од најголемото градско дерби во светот.