Напаѓачот на Реал Мадрид пред дуелот со Аталанта одговараше на некои новинарски прашања, а едно од нив беше поврзано со Ерлинг Халанд.
Талантираниот норвешки напаѓач се поврзува со Кралевите и на лето би можел дресот на Борусија да го замени со дресот на Реал. Првиот стрелец на кралскиот клуб, Карим Бензема нема ништо против тоа.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Не сакам да зборувам за играчите кои не се тука во нашата екипа. Често зборуваме за тие кои не се во Реал. Халанд постигнува многу голови, тоа е вистина, но тој тоа го прави за својата Борусија.“ – рече Бензема и додаде:
„А, ако еден ден има прилика да дојде овде, нека дојде, немам ништо против.“