Најдобриот фудбалер во светот за оваа година, Карим Бензема и официјално ќе го пропушти Светското првенство.
Бензема на тренингот на „триколорите“ ја обновил повредата на бутниот мускул што ја заработи на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ова дефинитивно е големо разочарување за освојувачот на „Златната топка“, кој испрати порака преку социјалните мрежи.
„Во животот никогаш не сум се откажал, но морам да мислам на тимот вечерва. Морам да го отстапам моето место на некој кој може да му помогне на тимот“, напиша Бензема.