Францускиот напаѓач Карим Бензема синоќа постигна два гола во победата на Реал Мадрид од 3-1 против Еспањол.




Овој 34-годишен напаѓач постигна 222 гола на 417 натпревари во шпанската Ла Лига, па така го надмина Сезар Родригез, кој имаше постигнато 221 гол на 343 меча.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Французинот со двата погодоци стигна до седмата позиција во историјата, а пред него е Алфредо Ди Стефано со 227 гола на 329 меча и се очекува наскоро да падне под Бензема.