Дома Фудбал Бензема вчера се повреди, па дозна дека е ограбен

Бензема вчера се повреди, па дозна дека е ограбен

Реал Мадрид вчера во последните моменти од натпреварот се спаси од пораз против Елче на домашен терен. Елче имаше 0:2, а Реал до бод дојде со два гола во последните 10 минути.

На овој натпревар се повреди и Бензема во 58. минута кога на негово место влезе Лука Јовиќ. Но, тоа не беше крај за лошите вести за францускиот напаѓач. Набрзо по завршувањето на мечот Бензема дозна дека му е ограбен домот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова не е првпат домот на Бензема во Мадрид да биде мета на крадци. Засега не е објавено колкава била направената штета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мусовски: Во 2020 година бев погрешно разбран, секогаш сум сакал да играм за Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува клучниот предизвик во четврток – бараж ду…