Дома Фудбал Останато Бензема бара објаснување: Дешамп да ми каже во лице…

Бензема бара објаснување: Дешамп да ми каже во лице…

Карим Бензема бара објаснување од селекторот на Франција, Дидие Дешамп, зошто не го повикува во националниот тим и покрај тоа што суспензијата која му ја одреди националниот сојуз му истече.

Дури и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Франција, Ноел ле Гре, минатиот октомври рече дека Дешамп може да го повикува Бензема во репрезентацијата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сите зборуваат дека можам да бидам повикан во репрезентацијата, само тој не. Доколку селекторот вo лице ми каже дека не ме повикува поради тоа што не сум во форма, тогаш ќе продолжам напорно да работам. Но, доколку постои друга причина, тоа мора лично да ми го соопшти“, изјави Бензема за „Екип“.

Кога беше обелоденет скандалот со соиграчот Валбуена, тогашниот премиер на Франција, Мануел Валс, изјави дека за него не треба да има место во репрезентацијата, а добро мислење немаше ниту тогашниот претседател Франсоа Оланд.

Напаѓачот во изјавата за „Екип“ изјави дека го познава новиот француски претседател, Емануел Макрон, и дополни дека не очекува помош од него за да биде вратен во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фердинанд жестоко удри по навивачите на Арсенал: Треба да се засрамите!

Нони Мадуеке е на работ од трансфер од Челси во Арсенал, но некои обожаватели на Арсенал н…