Дома Фудбал Останато Беневенто ќе купи играч за потоа да му го продаде на Јувентус

Беневенто ќе купи играч за потоа да му го продаде на Јувентус

Да се има добри односи помеѓу клубовите е од големо значење посебно во време на пандемијата со коронавирусот кога најбогатите клубови се финансиски погодени.

Брајан Рејнолдс е голема желба на Јувентус. Бјанконерите сакаат да го доведат Американецот, но во овој момент не се во состојба да вложуваат затоа што сакаат да избегнат зголемување на финансиските загуби во тековната година.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Токму од таа причина „старата дама“ пронајде клуб кој ќе го купи Рејнолдс за осум милиони евра, а потоа на лето ќе им го продаде.

Имено, овој 19 годишен стопер во овој преоден рок ќе потпише за Беневенто кој под водство на Пипо Инзаги игра одлично сезонова. Јувентус и Беневенто наскроо ќе имаат нов состанок на кој ќе треба да ги договрат деталите за зделката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фонсека им даде интересно ветување на новинарите🎥

Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар во Лигата на шампио…