Андреа Белоти одби да го продолжи договорот со Торино бидејќи сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Торино оваа сезона се бори за опстанок, а Белоти е единствена светла точка во тимот, но веќе го известил раководството дека сака да ја промени средината.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Неговиот договор истекува во 2022 година, па на лето ќе влезе во последната година и Торино ќе мора да го продаде за да заработи на неговото заминување.
Наводно „Петелот“ веќе има договор со „росонерите“ и сака кариерата да ја продолжи во Милан.
Малдини е во потрага по напаѓач за следната сезона, без разлика дали Ибрахимовиќ ќе остане уште една година.