Дома Топ вести Белингам на врвот: Ова се најскапите англиски играчи во историјата

Белингам на врвот: Ова се најскапите англиски играчи во историјата

Tрансферот на Џуд Белингам во Реал Мадрид за сума од 115 милиони фунти е новиот најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал

Момчето родено во Стурнбриџ 2003 година стана најскапиот англиски фудбалер на сите времиња прескокнувајќи го на вечната листа Џек Грилиш. Грилиш пред две години од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити за 100 милиони фунти и оваа сезона го постигна најголемиот успех со „граѓаните“ освојувајќи триплета.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Не е во целост, но Грилиш до некаде успеа да ги оправда вложените средства, додека третиот на листата целосно потфрли. Станува збор за Хари Мегваер за кого Јунајтед на Лестер му плати сума од 80 милиони фунти.

На четвртата позиција е уште еден фудбалер на „црвените ѓаволи“, Џејдон Санчо. За него Јунајтед на Борусија во 2021 година и плати сума од 73 милиони фунти. Санчо за Јунајтед одигра 41 натпревар, постигна седум гола и запиша три асистенции, што секако не е доволно за таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…