Селекторот на Белгија, Доминик Тедеско денеска го објави списокот со 25 фудбалери за Европското првенство во Германија. Имаат право селекторите да вбројат по 26 играчи на списоците, но Италијанецот се одлучи за еден помалку.
Изненадување на списокот на Тедеско е враќањето на 35-годишниот Акесел Витсел. Витсел минатата година објави дека ја завршува репрезентативната кариера, меѓутоа очигледно Тедеско го убедил да се врати. Низ кариерата играчот за врска собра 130 настапи за репрезентацијата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На списокот го нема ниту Тибо Куртоа, но тоа не е големо изненадување затоа што голманот на Реал Мадрид во декември имаше конфликт со селекторот на Белгија. Тедеско тогаш јавно откри дека Куртоа го напуштил кампот на репрезентацијата кога му било кажано дека нема да биде капитен.
Во нападот повик доби и Ромелу Лукаку заедно со Опенда од Лајпциг.