Левиот бек на Тотенхем јавно побара од сопственикот на клубот звучни засилувања, бидејќи како што вели „сака да освојува трофеи“.
Лондонскиот клуб ова лет го продаде Кајл Вокер во Манчестер Сити за 50 милиони фунти, но сеуште нема донесено ниту едно засилување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Би сакал да видам повеќе засилувања. Сигурно би бил среќен доколку дојде некој топ играч. Не велам дека треба да донесеме 10 засилувања, нека бидат двајца или тројца, но да не бидат играчи кои морам да ги Гуглам за да дознаам кои се“, изјави Роуз.
Левиот бек потоа јасно порача дека сака да освојува трофеи и дека размислува за промена на средината.
„Го достигнав врвот и веројатно ми остана уште еден голем договор во кариерата. Времето одминува, а јас сакам да освојувам трофеи. Не сакам да играм фудбал 15 години и да не освојам ниту еден трофеј. Тоа нема да ме задоволи. Не велам дека сигурно заминувам, но доколку пристигне понуда добро ќе размислам“, изјави Роуз.