Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го одигра последниот меч за оваа календарска година, против Азаербејџан на арената „Тодор Проевски“.
Селекторот Благоја Милевски нема да смета на напаѓачот Бојан Миовски и дефанзивецот Езѓан Алиоски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Желбата беше до почеток на евроквалификациите низ овие мечеви да се согледаат сите слабости во играта и да се искреира тимот кој ќе го понесе потоа товарот во следниот циклус. Затоа избравме силни противници, за да увидиме се и максимално да се подготвиме за сите можни варијанти за квалификациите“.
„Финска бешеодличен тест од вториот барабан, Азербејџан е одличен колектив кој ќе ни овозможи исто така квалитетен тест. Ќе има промени во составот во однос на тој со Финска, имаме добра анализа за противникот и сите веруваме дека ќе дојдеме до позитивен резултат на утрешниот меч“, изјави селекторот Милевски.