Поранешниот фудбалер и прв човек на УЕФА Мишел Платини даде интервју за „Тутоспорт“ во кое остро ги критикуваше претседателот на УЕФА Александар Чеферин и првиот човек на ФИФА Џани Инфантино.
Платини без „влакна на јазикот“ го кажа своето мислење за предводниците на европскиот и светскиот фудбал обвинувајќи ги дека ништо не знаат за фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тие двајца се никој и ништо! Немаат врска со фудбалот! Тие се таму за моќ и влијание, иако никогаш не трчаале по топка. Инфантино никогаш не раководел со клуб или федерација, а сега е претседател на ФИФА!? Фудбалот треба да го раководат поранешни играчи и тренери, луѓе како Баџо, Дел Пјеро, Клоп, Гвардиола, Халанд, Мбапе… – изјави Платини.
„Тој беше суров и кога се во прашање промените во фудбалот“
„Не ми се допаѓа новиот формат на Лигата на шампионите. Ќе се играат повеќе натпревари, но само за да се соберат повеќе пари, без никаква логика. Мислам дека тоа беше поради притисокот поради најавата за формирање на Суперлигата. Но, Суперлигата сепак ќе се игра еден ден“ – смета Платини.