Како што пренесуваат германските медиуми Холгер Батштубер е на чекор да стане нов фудбалер на Шалке, иако силен интерес за него покажуваше и Манчестер Сити.
Како што пренесува „Билд“, Батштубер веќе постигнал комплетен договор со Шалке и наскро ќе стане нов член на клубот од Гелзенкирхен.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Батуштибер изминатоте две сезона играше малку поради серијата на повреди, а оваа сезона не добива голема минутажа кај Карло Анчелоти, па поради тоа изрази желба да ја промени средината.
Интерес за него покажуваше и Манчестер Сити, поради фактот што Гвардиола одлично ги познава неговите квалитети.
Сепак, Германецот се одлучи да остане во Бундес лигата и до крајот на сезоната ќе настапува во Шалке како позајмен фудбалер од минхенски Баерн.