Поранешниот претседател на Барселона, Хозе Марија Бартомеу вчера беше уапсен од полицијата.
Денес Шпанците информираат дека Бартомеу е пуштен на слобода откако одбил да сведочи, меѓутоа наскоро тој и неговиот советник Хауме Маферер ќе мораат повторно да се појават пред суд поради обвиненијата за неправилно водење на административните работи во Барселона, но и корупција во бизнисот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наскоро покрај споменатите двајца датум за судење ќе добијат директорот Оскар Грау и адвокатот на Барселона, Роман Гомез Пунти.
Како што е познато тие се обвините во скандалот „Барсагејт“, односно најмувањето на маркетинг агенција од страна на Бартомеу со цел на ширање на негативни информации за оние играчи од клубот кои не се согласуваат со него. Според она што до сега е познато, агенцијата била платена со пари од клубот.
Помеѓу оние кои биле жртви на таквата агенција се Лионел Меси и Пике.