И покрај шпекуалциите дека Осман Дембеле после само една сезона може да ја напушти Барселона, сепак Французинот останува на „Камп Ноу“.
После сезоната на адаптација кон шпанскиот фудбал, која беше успорена со повреди, Дембеле е спремен да ја оправда големата инвестиција на Барселона.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Каталонските медиуми пренесуваат дека претседателот Бартомеу лично разговарал со Дембеле и го уверил дека сигурно останува на „Камп Ноу“ и да не обрнува внимание на шпекуалциите.
Медиумите додаваат дека имало понуди од англиски клубови за Французинот, но Барселона дури не сакала да ги разгледува.
21-годишниот крилен напаѓач минатото лето пристигна во Барселона од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра.