Доцна во ноќта, поточно во два часот по полноќ стигна и потврдата од Барселона дека Чави се враќа на „Камп Ноу“.
Се беше веќе јасно претходно, Ал-Сад прв потврди дека Каталонците ќе ја платата откупната клазула, а компромисот бил Чави да плати половина од тие пет милиони евра. Вчера Чави и се збогуваше со раководството и играчите на катарскиот клуб каде што остваруваше одлични резултати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чави Ернандез се враќа дома после шест години откако се збогуваше на „Камп Ноу“, соопштија од Барселона.
Најавите се дека Чави пред медиумите ќе биде промовиран на 8. ноември. Во Ал Сад Чави беше од 2019 година.
Xavi Hernández regresa a casa 6 años después de despedirse del Camp Nou. 💙❤
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 6, 2021