Дома Трансфер зона Барселона троши 65 милиони евра на засилување во одбраната?

Барселона троши 65 милиони евра на засилување во одбраната?

Проблемите со коленото на Самуел Умтити ја натераа Барселона да започне да бара засилување во последната линија, а се поизвесно е дека во јануари на „Камп Ноу“ ќе пристигне нов стопер.

Според пишувањата на шпанскиот „Mundo Deportivo“, тоа би можело да биде стоперот на Наполи, Калиду Кулибали. Наводно, Барселона веќе подготви прва понуда за Кулибали и дека Каталонците за сега се подготвени да одвојат 65 милиони евра за сенегалскиот репрезентативец.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Се шпекулира дека Барселона ги испратила своите скаути да го следат Кулибали на натпреварот во рамките на 2. коло од ЛШ против Ливерпул и дека тие од тој натпревар имале позитивен извештај.

Инаку, 27-годишниот Кулибали кариерата ја започна во нискорангираниот француски Саинт Дие, за подоцна „вистинскиот“ фудбал да го почуствува во Мец. Од Мец во 2012. година си замина во Генк, а белгискиот клуб две години подоцна го продаде на Наполи за нешто повеќе од 7.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…