Ријад Марез минатата сезона беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата, имаше многу понуди, но на крајот остана во Лестер каде не блеска оваа сезона.
Сепак, јасно е дека „лисиците“ нема да можат да го задржат Алжирецот ова лето, па големите клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познато е дека Јирген Клоп сака да го види Марез на „Енфилд“, а одредени медиуми тврдат дека тој е главната трансфер на Ливерпул за следната сезона.
Арсенал и минатото лето беше силно заинтересиран за Марез, а сега ќе направи се за да го донесе, особено поради фактот што во него гледа идеална замена за Алексис Санчез.
Меѓутоа, според пишувањата на каталонски „Спорт“, Ријад Марез е на мета на Барселона, а самиот фудбалер преферира преселба на „Камп Ноу“.
„Спорт“ наведува дека раководството на Барса веќе остварило контакт со фудбалерот, а Лестер ќе биде спремен да го пушти на лето за сума од 40 милиони евра.