Дома Фудбал Барселона скапо ќе треба да плати ако сака да го отпушти Чави

Барселона скапо ќе треба да плати ако сака да го отпушти Чави

Во медиумите од Шпанија по вчерашниот натпревар со Алмерија гласно се зборува дека во Барселона го смениле мислењето и Чаби би можел да добие отказ.

До неодамна Лапорта јавно го убедуваше Чави да остане, но ситуацијата наводно се променила по неговите последни коментари во јавноста.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во клубот не биле задоволни затоа што Чави зборувал за финансиските проблеми и се пожалил дека не може да му бидат обезбедени играчите кои ги посакува.

Таквата изјава во раководството ја сфатиле како лична критика. Сепак, ако Барселона навистина сака да го отпушти Чави тогаш ќе треба да му плати богата оштета.

Во договорот на шпанскиот стратег има клазула за откуп која изнесува 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл на повидок, дали Мурињо ќе се врати во Челзи?

Фудбалските кругови на Островот кружат со вест што, ако се реализира, би се почувствувала …