Дома Фудбал „Барселона се жали на судиите? Тоа е нивна навика…“

„Барселона се жали на судиите? Тоа е нивна навика…“

Барселона и Интер одиграа 3:3 во четвртото коло од групата Ц во Лигата на шампионите, Каталонците успеаа да се спасат од пораз, а после овој натпревар раководството на клубот ги критикуваше судиите.

На жалбите од страна на Барселона свој коментар даде легендарниот Холанѓанец, Кларенс Сидорф.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Барселона се жали на судиите? Тоа е нивна навика, така се обидуваат да создадат почит од судиите, но Чави мора да покаже респект. Сепак кога е ВАР тука таков притисок не може да помине така лесно како порано“, смета Сидорф.

На Барселона и покрај извлеченото реми против Интер сепак и се заканува испаѓање во Лигата на Европа затоа што Интер кој е второпласиран е во далеку подобра позиција во последните две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави видео од бесниот Алегри во дербито: Никој да не кажал ниту збор! (Видео)

Италијанските медиуми сѐ повеќе ја испитуваат улогата на Рафаел Леао во Милан, прашувајќи …