Дома Фудбал Останато Барселона самата себе се прогласи за најомилен клуб во светот!

Барселона самата себе се прогласи за најомилен клуб во светот!

Барселона официјално самата себе се прогласи за „најомилен и најследен клуб во светот“.

Тоа не го докажува бројкот на лајкови на Фејсбук, следбениците на Твтиер или Инстаграм, туку резултатите од студијата на Интернет која беше нарачана од страна на Барселона, односно клупскиот портпарол, Хозе Вивес.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Тој објасни дека Барселона до оваа титула дошла од податоците собрани од 12.400 онлајн корисници од десет земји во текот на септември.

Од Барселона истакануваат дека резултатите не би биле поинакви доколку истражувањето било направено една година порано, без оглед на сите друштвен и политички случувања.

Значи, се мисли на (неславно завршената) каталонска борба за независност.

Брендот на Барселона ширум светот и после овие случувања остана непроменет, а Вивес порача:

„Невозможно е „брендот“ на еден клуб каков што е Барселона да се менува од ден во ден“.

„Брендот“ најмногу следбеници има во САД, Турција, Кина, Јапонија, Мексико, Каталонија и како што посебно се истакнува Бразил, каде што заминувањето на Нејмар не влијаеше на популарноста на каталонскиоте гигант.

Според ова истражување Барселона е втор најомилен клуб во Индонезија, Шпанија и Индија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Почнаа со табли јајца, продолжија со печено прасе, а сега доделија – живо јагне (Фото)

Норвешкиот фудбалски клуб Брине повторно привлече внимание со својата необична практика на…