Дома Фудбал Останато Барселона пред да дојде Куман договорила друг тренер, но преговорите на крајот пропаднале

Барселона пред да дојде Куман договорила друг тренер, но преговорите на крајот пропаднале

Роналд Куман се мачи да ги среди работите во Барселона.

Место подобрување на тимот изгледа како да гледаме се послаби настапи на Каталонците. Сега во медиумите се појави информаицја дека Барселона пред Куман имала друг фаворит со кого биле блиску до договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер, а сега спортски новинар Мариано Хуан, Абидал водел преговори со Гаљардо и тој бил подготовен да седне на клупата.

„Само неколку часа го делеа Гаљардо за да седне на клупата на Барселона. Ривер го играше финалето со Фламенго, а Гаљардо разговараше со Абидал на телефон. Сакаше да оди во Барселона, но Валверде уште беше тренер. Тогаш му кажа дека останува во Ривер ако ги започне подготовките со тимот“.

„Валверде доби уште неколку натпревари и клубот го одложи доаѓањето на Гаљардо. На крајот тој ги почна подготовките и остана во Ривер. Неколку недели подоцна Валверде беше отпуштен, но тогаш Абидал не можеше да го убеди Гаљардо да го смени мислењето“, изјави Мариано Хуан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…