Дома Фудбал Останато Позната првата желба на Перез за наследник на Зидан?

Позната првата желба на Перез за наследник на Зидан?

Зинедин Зидан се почесто се поврзува со заминување од Реал Мадрид.

Францускиот стратег има многу проблем оваа сезона на клупата на „кралевите“. Реал Мадрид веќе остана без борба за трофеи и се најавува отказ за Зидан.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Марка“ тврди дека многу брзо Зидан може да добие отказ (тука).

Во шпанските медиуми веќе се шпекулира и за тоа кој би можел да го наследи. И првиот фаворит можеби е изненадување. Станува збор за Марсело Гаљардо, одличниот тренер на Ривер Плата.

Според некои информации Гаљардо е прва желба на Перез за клупата на Реал. Сепак, засега нема некакви конкретни докази дека оваа информација е точно, меѓутоа сигурно дека Гаљардо има квалитет да води клуб во Европа.

Тој на одличен начин го води Ривер. На клупата на овој клуб е од 2014 година и освои бројни трофеи, меѓу кои се и два во Копа Либертадорес.

Во кариерата го водеше уште уругвајскиот Национал, а како играч покрај овој тим настапуваше за: Ривер, Ди-Си Јунајтед, ПСЖ и Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…