Дома Фудбал Барселона откри смешен договор со новинар

Барселона откри смешен договор со новинар

Бившото раководство на Барселома му платило вкупно 320.000 евра само на еден новинар за да зборува убави работи за раководството на клубот, информираат каталонските медиуми.

Станува збор за популарниот каталонски новинар Марсел Љоренте, кој ги коментираше натпреварите на Барселона за Gol TV и како аналитичар пишуваше текстови за многу еминентни медиуми.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


После смената на раководството, новиот претседател јавно го објави договорот кој клубот го имал со споменатиот новинар. Според договорот кој бил потпишан во 2015 година, Љоренте добивал по 50.000 евра годишно за да ги промовира директорите од „Камп Ноу“.

Договорот бил прекинат во 2021 година после смената на претседателот, а клубот на новинарот вкупно му исплатил 320.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола за Родри: Колку прстени освоија Булси без Мајкл Џордан?

Ѕвездата на Манчестер Сити, Родри стана првиот играч од средниот ред по Лука Модриќ кој ја…