Дома Трансфер зона Барселона најде замена за Нејмар, во Борусија останаа без коментар

Барселона најде замена за Нејмар, во Борусија останаа без коментар

Барселона е во потрага по некој кој ќе го надомести заминувањето на Нејмар и постојат неколку кандидати, но и натаму не е познато кој ќе го облече каталонскиот дрес.

Меѓу главните кандидати, покрај Филипе Кутињо од Ливерпул, секако е и Оусман Дмбеле. 20-годишниот фудбалер на Дортмунд е на радарот на Каталонците, а „Л’Екип“ и порано го објави како играч кој веќе постигнал договор со Барселона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тогаш се појави веста дека Борусија за младиот и перспективен офанзивец сака најмалку 100 милиони евра, што и не е чудно ако се земе предвид дека Нејмар е продаден во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра.

„Нема смисла да се коментираат постојано тие гласини, но колку што знам не постои никаков договор и играчот е во моментов со нас“, истакна спортскиот директор на Борусија, Зорц, но не сакаше да ја исклучи можноста овој играч на крајот да го напушти тимот.

Дембеле вчера на „Твитер“ напиша „Лол“, но дали се смее на глупостите кои ги чита или цифрата која Борусија ја бара за неговиот потпис, не е познато. Покрај него и Кутињо постојат шпекулации и за Дибала како можна аквизиција на Барселона. Едно е сигурно, сите овие млади играчи вредат многу и клубовите не сакаат лесно да се откажат од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…