Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона наскоро ќе го објави името на нивниот нов играч.
Како што тврди медиумот кој е добро запознаен со случувањата во Каталонија, во Барселона бил повикан итен состанок после повредата на Томас Вермален. Неговата повреда им донесе дополнителни проблеми во одбраната бидејќи од поодамна е повреден Самуел Умтити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Валверде наводно од клубот итно побрал нов дефанзивец. Во игра се две имиња.
Приоритет е Андрес Кристенсен од Челзи. За него нудеа три милиони за позајмица на крајот од сезоната и опција за доведување на крајот од сезоната за 40 милиони евра. Данскиот фудбалер е прва желба на тренерот на Барселона.
Сепак, доколку немаат успех тие ќе се обидат да го доведат Џејсон Мурлио од Валенсија. Мурлио скоро и да не игра во Валенсија, па клубот од „Местаља“ е спремен да го пушти во Барселона на позајмица до крајот на сезоната со што во Каталонија привремено би ги решиле проблемите.