Герет Бејл според последните информации најверојатно ќе остане во Реал Мадрид иако беше скоро сигурно дека го напушта клубот.
Бејл ги пропушти дел од припремите бидејќи преговараше со кинески клубови, но на крајот од заминување на далечниот исток нема да има ништо. Иако Зидан неколку пати истакна дека не смета на него, Бејл и покрај тоа остана во Реал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходните месеци се шпекулираше дека за него единствена можност е да премине во Баерн, кој беше заинтересиран за него. Баварците беа единствените кои покажаа некој поголем интерес за Бејл, но сега е јасно дека ни од заминување во Минхен нема да има ништо.
Каталонски Спорт утрово објави дека Барселона му зададе голем удар на Бејл и Реал бидејќи му ги расипале плановите за трансфер во Баерн. Имено, Барса се договори со минхенскиот клуб за позајмица на Кутињо, а германскиот клуб веднаш се повлече од преговорите за Бејл.
Очигледно Баерн беше единствениот излез за Бејл ова лето, но Барселона ги расипа сите планови. Па така, Велшанецот најверојатно ќе остане во клубот, а дали Зидан ќе смета на неговите услуги останува да видиме.