Дома Топ вести Барселона му нуди трампа на Интер

Барселона му нуди трампа на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси може експресно да се врати во Серија А и тоа во големиот ривал на Милан.

Кеси ова лето го напушти Милан и како слободен агент, но не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а интерес за него покажува Интер.

Барселона исто така не е задоволна од него па сака да го искористи во трампа. Шпанските медиуми пренесуваат дека му го понудиле Кеси на Интер, а во спротивен правец да дојде Брозовиќ.

Чави смета дека Брозовиќ ќе биде идеална замена за Бускетс, но „нероаѕурите“ засега не се согласуваат со ваква трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…