Иднината на Френки де Јонг е главна тема во текот на целото лето, а сега конечно би можел да направи трансфер во Премиер лигата.




Холанѓанецот одбиваше да се пресели во Манчестер Јунајтед бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони, а Барса инсистира да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во трката за неговиот потпис неодамна се вклучи Челзи, а последните информации се дека двата клуба постигнале договор за трансфер на Де Јонг.




Понудата на лондончани изнесува 70 милиони евра плус Маркос Алонсо, кој е трансфер цел на Каталонците, а Барселона ја прифатила.




Де Јонг е спремен да ја прифати понудата и да се пресели на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи е фрустриран од ситуацијата во Барселона.
🚨 Chelsea and Barcelona are in the final stretch for an agreement to sign Frenkie De Jong.🔵🇳🇱 #CFC #FCB
— Football Transfers (@Transferzone00) August 10, 2022
(via @gerardromero🔵)