Каталонскиот гигант Барселона е во напредни преговори за трансфер на шпанскиот репрезентативец Адама Траоре од Вулверхемптон.
Медиумите пренесуваат дека Траоре треба да пристигне на позајмица до крајот на сезоната со опција за перманентен трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се говори дека Шпанецот прифатил драстично намалување на платата во првите шест месеци, со цел да може да биде регистриран.
Барселона е во одлични релации со „волците“ каде го пушти на позајмица Тринкао. Вулверхемптон има опција да го откупи напаѓачот за 30 милиони евра, а ако не ја искористи ќе треба да и плати 6 милиони компензација на Барселона.
Тоа ги олеснува преговорите помеѓу двата клуба, како и фактот дека играчот сака по секоја цена да го напушти Вулверхемптон до крајот на преодниот рок.