Дома Фудбал Барселона договори натпревар, фудбалерите не сакаат да играат – клубот им ветил по 100.000 евра бонус!

Барселона договори натпревар, фудбалерите не сакаат да играат – клубот им ветил по 100.000 евра бонус!

Барселона и Клуб Америка на 21. декември во Далас треба да играат пријателски натпревар.

Мексиканскиот клуб на својот официјален сајт потврди дека е договорен натпреварот против Барселона која прифатила да гостува со своите најдобри фудбалери. Но, Каталонците се соочија со проблем во соблекувалната.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Имено, Барселона на 20-ти декември ќе ја пречека Алмерија во 18. коло од првенството, по што би требало фудбалерите да добијат десет дена пауза. Натпреварот против мексиканскиот тим значи дека на играчите на Барселона ќе им биде скратен и онака краткиот период за одмор бидејќи ќе мораат да патуваат повеќе од десет часа и да играат натпревар.

Барселона на натпреварот се согласи исклучива поради пари бидејќи клубот во последните години се бори да излезе од финаниската криза. Од тој натпревар во клупската каса би требало да се инкасираат околу четири милиони евра.

Но, фудбалерите на тимот се побуниле и не сакаат да одат натпреварот бидејќи го сметаат како ризик за повреди во и онака густиот распоред. Наводно, раководството им ветило по 100.000 евра бонус на играч ако се согласат и отпатуваат.

Бидејќи се е веќе најавено, натпреварот и покрај незадоволството на фудбалерите веројатно ќе се одигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриен клубот за кој навива новиот папа

Американецот Роберт Френсис Превост од среда е познат на светот како папа Лав XIV. Тој ста…